Дендиас за прелиминарни контакти со Турција: Важен, но не голем чекор

Од:

Треба да се согласам со сите кои велат дека ова е важен чекор, но дозволете ми да кажам дека не е голем чекор, вели министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во интервјуто за „Јуроњуз“ во однос на прелиминарните разговори со Турција што по пауза од речиси пет години се одржаа во понеделникот, јави дописничката на МИА од Атина.

Објаснува дека не станува збор за преговори, туку за разговори на амбасадорско ниво кои што ги одредуваат условите за да има вистински преговори.

-Ова беше прва средба по пет години. Патем, да бидеме искрени, Турција беше таа која ги прекина разговорите во 2016 година, а не Грција, како што тврди Турција. Но, надвор од тоа, важно е дека продолжија. Ова беше прва средба, сфаќам дека беше средба за одново да се сретнеме. Ќе видиме каде ќе одиме понатаму. Треба да бидеме реалисти, но исто така треба да бидеме и оптимисти, рече Дендиас.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он