Северна Кореја на Сеул му предложи преговори за заедничките трговски проекти, Јужна Кореја прифати

Од:

Северна Кореја денеска на Јужна Кореја и предложи преговори за нормализирање на работата врз трговските проекти, вклучувајќи ја и индустриската зона во пограничниот реон Кесон, што беше блокирана заради засилувањето на напрегнатоста меѓу двете земји на почетокот на април, соопштија британските медиуми.

Севернокорејските државни медиуми соопшштија дека владата ќе ги обнови прекинатите комуникациски канали, доколку Сеул го прифати предлогот за преговори.

Јужна Кореја го прифати денешниот предлог на Северот двете земји да почнат официјални преговори за отворање на заедничкиот индустриски комплекс Кесон на заедничката граница и за други теми, за кои имаат недоразбирања, пренесоа американските медиуми.

Медиумите на Југот подготвеноста од двете страни за преговори ја толкуваат како надежен знак за нивните односи, што драстично се влошија во последните месеци.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња