Пратеникот Љупчо Димовски кој е амнестиран за „27 април“, нов претседател на СПМ

Од:

Пратеникот Љупчо Димовски е нов претседател на Социјалистичката партија на Македонија. Тој доаѓа на местото на Љубисав Иванов-Ѕинго, кој почина во ноември минатата година. Новиот претседател Димовски е еден од обвинетите и амнестирани за насилниот упад на “27 април” во Собранието. Димовски има извршувано и повеќе државни функции.

„Љупчо Димовски е дипломиран економист, роден во Велес на 9 април, 1959 година. До 2008 генерален директор на ЈП „Паркови зеленило“-Скопје, до 2009 заменик министер за транспорт и врски, до 2014 министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, од 2014 пратеник во Собранието на Република Македонија. Извршен секретар, член на Претседателството и од 2007. генерален секретар на СПМ. На Конгресот беше поднесен Извештај за работата на партијата во изминатиот четири годишен период. На Конгресот беше усвоена Декларација во која беа изнесени ставовите на СПМ за актуелните општествено-економски и политички состојби во Република Македонија“, информираа од СПМ.

За Димовски во 2019 година беше побаран притвор бидејќи е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште во време кога беше министер за земјоделие. Според Обвинителството, тој заедно со други обвинети предизвикал штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот. Тој се повика на пратеничкиот имунитет и не му беше одреден притвор.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

СПМ: Инсистирањето од власта за уставни измени неприфатливо за пратениците

Ана Ололовска

СПМ: Османи треба да си оди, да се одржат итни парламентарни избори

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on