ВИДЕО: Српскиот епидемиолог Кон се разлути: Јас не сум ничиј подопашник!

Од:

Емотивна прес-конференција денеска одржа српскиот епидемиолог д-р Предраг Кон, кој раководи со Кризниот штаб за борба против коронавирусот во земјата.

Откако претходно долго зборуваше за ситуацијата со епидемијата во Србија, а време на новинарските прашања Кон се осврна на неодамнешно интервју за телевизијата НоваС, во кое, според него, зборовите му биле извртени, а неговите поенти околу смртноста на лекарите во земјата биле погрешно претставени.

Ова го разлути експертот, кој како никогаш досега, со висок тон и очигледна нервоза, продолжи да зборува за лекарите кои изјавиле дека тој веќе не им е колега, а некој го нарекол и „подопашник“. Им порача дека „не е ничиј подопашник и тоа да се запомни“.

„Има некои кои велат дека повеќе не сум им колега. Тие мене и понатаму ми се колеги. Директно ја кршат заклетвата… …и сега јас треба да излезам на некој дијалог со оние кои ме нарекуваат подопашник, или човек што се заплеткал во автократски режим. Јас не сум ничиј подопашник, тоа да се запомни! (удира со прстот на масата). Јас сум тука да ја бранам оваа земја од вирусот. Одовде ќе заминам во истиот момент, доколку некој мисли дека не задоволувам во таа борба, бланко оставката е секогаш подготвена,“ рече Кон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски