Acer Liquid S1 убавец со екран од 5.7 инчи, сигурно ќе ве освои со дизајнот.
Иако сеуште не е официјално достапен за јавноста и неговото претставување е закажано за третиот квартал од оваа година, тој веќе успеа да привлече големо внимание.
Acer Liquid S1 покрај огромниот екран од 5.7 инчи со резолуција од 720 х 1280, ќе поседува и четири-јадрен процесор MediaTek со брзина од 1.5 GHz, 8 мегапикселна камера и 2 GB RAM.
Со ваквите компоненти Acer свесно влегува на пазарот за да добие многу пониска цена од останатите конкуренти, па доколку навистина сакате да поседувате еден фаблет Acer Liquid S1 може да биде одличен избор. Смартфонот ќе работи на Android 4.2 и се очекува да се најде во продажба најрано од септември.