Тим на Светската здравствена организација кој треба да го истражи потеклото на коронавирусот ќе влезе во Кина на 14 јануари.
Привично, истражителите на СЗО требаше да влезат во Вухан на почетокот од месецов, но кинеските власти не дозволија. Пекинг објаснуваше дека во тој момент уште не е постигнаат прецизен договор.
Ројтерс пренесува дека од Националната здравствена комисија од каде го најавивја доаѓањето на тимот на СЗО не споделиле повеќе детали за планот на активностите на истражителите на светската организација.