Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон наводно плачела пред нејзината венчавка со принцот Вилијам во 2011 година поради венчаницата од 250 000 фунти.
Кејт наводно била разочарана кога во јавноста протекле детали за тоа како ќе изгледа нејзината венчаница, тврди еден експерт во новиот документарец „Тајните на кралските кројачи“.
Во тоа време, 29-годишната Кејт многу се трудела венчаницата во остане целосна мистерија до самата венчавка, но деталите за тоа како ќе изгледа протекоа неколку дена пред церемонијата.
– Фустанот беше комбинација на идеи од Кејт Мдилтон и Сара Бартон, креативниот директор на модната куќа Александар Меквин. Кејт направи се за изгледот на фустанот да остане тајна. Затоа мислам дека имаше солзи во кралската палата кога тоа не успеа – наведува изворот за Тајмс.
И покрај тоа, Кејт сепак беше воодушевена од венчаницата.
Изработката на креацијата траеше со месеци, а основниот слој на ткаенина беше покриен со скапоцена чипка.