Второ одложување викендов во Ла Лига, мечот Елче – Хетафе поместен за понеделник

Од:

Натпреварот меѓу Елче и Хетафе што беше закажан за в недела е поместен за еден ден поради снежното невреме што зафати делови на Шпанија, соопшти попладнево раководството на Ла Лига.

Новиот термин за одигрување на натпреварот во рамки од 18. коло во шпанското првенство е понеделник, од 19 часот.

Мечот е поместен за 24 часа со цел екипата на Хетафе да може навреме да стигне во Елче, на југоистокот на Шпанија, каде временските услови засега се поволни. Аеродромот во Мадрид од ноќта меѓу петокот и сабота е затворен и екипата од главниот град ќе треба да мине повеќе од 400 километри со автобус до Елче.

Претходно, поради снежната бура Филомена одложен беше денешниот натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска