Реал Мадрид бара одложување, но мечот против Осасуна ќе се игра

Од:

Раководството на Ла Лига не го прифати барањето на Реал Мадрид за одложување на натпреварот против Осасуна, потврдувајќи дека мечот во Памплона ќе се игра вечерва во закажаниот термин.

Претходно, актуелниот шпански првак побара нов термин за натпреварот, по најавите на метеоролозите дека реонот на Памплона во попладневните часови ќе биде погоден од снежната бура Филомена.

Експедицијата на Реал синоќа со задоцнување од три часа полета од мадридскиот аеродром и доцна во ноќта пристигна во Памплона.

Поради снежната бура која предизвика сообраќаен хаос во делови на Шпанија веќе е одложен денешниот натпревар во шпанското првенство меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, а нема да се одигра ниту големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона во првата шпанска лига во женска конкуренција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска