Раководството на шпанската Ла Лига претпладнево официјално го одложи денешниот меч меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао поради обилните снежни врнежи во престолнината.
Натпреварот меѓу актуелниот лидер во шпанското првенство и деветтопласираниот Билбао требаше да се игра од 16:15 часот, а новиот термин ќе биде утврден дополнително.
LaLiga'da yoğun kar yağışı nedeniyle bugün oynanması planlanan Atletico Madrid – Athletic Bilbao maçının ertelendiği açıklandı. pic.twitter.com/16UTpjqyAp
— Sabah Spor (@sabahspor1) January 9, 2021
Поради снежното време што зафати големи делови на Шпанија, аеродромот „Барахас“ во Мадрид од синоќа е затворен.
Екипата на Атлетик полета во петокот попладне кон главниот град, но експедицијата се врати во Билбао, откако авионот не успеа да слета на мадридскиот аеродром.