Груби доби казна од 500 евра како домаќин на прославата, не одговара на прашањата дали ќе поднесе оставка

Од:

Првиот вицепремиер Артан Груби добил казна од 500 евра како одговорно лице во Министерството за политички систем, во чии простории во понеделникот петнаесетмина членови на ДУИ и високи државни функционери беа маски и без дистанца го славеа роденденот на лидерот Али Ахмети.

Тој веќе доби казна од 20 евра од МВР за неносење маска, а казната од 500 евра следи по вонредниот надзор на Државниот инспекторат за труд од каде денес утврдија дека има прекршување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Груби, кој беше домаќин на роденденската забава и седеше на чело на масата заедно со лидерот Али Ахмети и претседателот на Собранието Талат Џафери, е казнет како одговорно лице кое дозволило да се слави без маски.

Груби, кој беше домаќин на роденденската забава и седеше на чело на масата заедно со лидерот Али Ахмети и претседателот на Собранието, Талат Џафери, е казнет оти, како одогворно лице, дозволил да се слави без маски

Вицепремиерот Груби не одговори на прашањата од „А1он“ дали ќе поднесe оставка откако и МВР и Државниот инспекторат за труд утврдија непочитување на мерките за заштита од коронавирусот, а во услови на пандемија.

Од Обвинителствотo за „А1он“ денес изјавија дека чекаат пријава за да утврдат дали петнаесеттемина членови на ДУИ кои славеа треба и кривично да одговараат.

„До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е пристигната кривична пријава за настанот за кој покажувате интерес. Министерството за внатрешни работи и Инспекцискиот совет како надлежни институции ги вршат неопходните проверки на почитувањето на протоколите при наведениот настан. Во зависност од утврдените факти, доколку биде поднесена кривична пријава, Јавното обвинителство ќе ги анализира протоколите за превенција со цел да утврди дали во конкретниот случај биле прекршени, како и доставените извештаи од наведените органи за да оцени дали е сторено кривично дело. Во однос на неносењето маски, на присутните во конкретниот случај им е изречена парична глоба за сторен прекршок од страна на Министерството за внатрешни работи“, изјавија од Обвинителството.

Роденденската прослава за тесно партиско членство на ДУИ се случи во понеделникот, на денот на свеченото отворање на новите простории на Министерството за политички систем во барокната зграда за која Владата плати 14 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски