Американската актерка Мерион Ремзи, најпозната по улогата на полицајката Лаверн Хукс во серијалот комедии „Полициска академија“ во 80-те, починала вчера во Лос Анџелес во 74-та година од животот, соопшти нејзиниот менаџер Роџер Пол, без да ја открие причината за смртта.
„Мерион со себе носеше добрина и светлина што ја исполнуваа просторијата веднаш откако таа ќе влезеше. Придушувањето на нејзината светлина веќе ја чувствуваат оние кои добро ја познаваа. Ќе ни недостига и секогаш ќе ја сакаме,“ се наведува во соопштението.
Ремзи е родена во Филаделфија, а нејзината актерска кариера започнала на театарската сцена. Учествувала во проекти на Бродвеј, вклучувајќи и проекции на „Јуби“ и „Грајнд“, како и во мјузиклот „Хелоу Доли“.
Својот успешен пат на телевизија, Мерион Ремзи го започна со гостинска улога во хит серијата „Џеферсонови“, а беше редовна гостинка и во ситкомот на Бил Козби, „Козби шоу“.