Заев: Ќе им помогнеме на сите што ги загубија имотите во пожарот

Од:

Направена е непоравлива штета, најдобро е што што нема човечки жртви и тоа е најважно се друго се надместува. Сакам да им заблагодарам на пожарникарите кои направија се за да го спречат огнот. Им благодарам на сите екипи од околните градови кои помогнаа – рече премиерот Зоран Заев по посетата на оштетениот објект на трговскиот центар „Глобал“ кој ноќеска беше зафатен од голем пожар.

„На луѓето кои загубија се што граделе сакам да им порачам дека сите ќе помогнат, Владата, општината, бизнис заедницата. Сакам да знаат граѓаните кои загубија се дека од утре организираме акција за расчистување и акција за собирање помош. Ќе направиме се да го вратиме животот во нормала. Сите имоти ќе ги вратиме во нормална состојба“ – рече Заев.

Тој повика на солидарност и вклучување на струмичани и на локалните компании.

„Државата ќе ги види сите механизми за да обезбеди финансиска помош. За мене е предизвик во овој период да покажеме колку сме солидарни. Сите интитуции ќе помогнат, но пред се струмичани и овдешните компании да помогнат да им го вратиме на луѓето она што го ставарале цел живот“ – порача Заев.

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари