Најмалку 70 цивили се убиени во два истовремени напада на две села во Нигер. Се претпоставува дека извршители се исламските милитантни кои се активни во близина на гранцицата со Мали.
Во едно од селата се убиени 49, а повредени се 17 луѓе. Претставник на министерството за внатрешни работи потврди дека во другото село има 30 жртви. Владата на Нигер засега нема реакција ниту коментар.
Минатата година во Нигер се убиени стотици луѓе во нападите на милитантите. Ова држава во западна Африка постојано е на удар на милитанти поврзани со Ал Каеда и со Исламска држава на западната граница додека во останатиот дел активен е Боко Харам.