Јорданскиот новинар Хадад, уапсен поради текст за вакцината против Ковид-19, ослободен со кауција

Од:

Јорданскиот новинар Џамал Хадад кој беше притворен поради објавен текст во кој тврди дека вакцината против Ковид-19 пристигнале во Кралството и оти претставниците на власта ги примиле своите дози, денеска е ослободен со кауција.

Уредникот на порталот Ал Вакаи, Хадад е обвинет за „загрозување на јавната безбедност и предизвикување немири“ и му беше изречена казна притвор.

Хадад на 22 декември објави текст под наслов „А, луѓето? Дали Фајзер (вакцината) пристигна тајно и дали се вакцинирани високите функционери во јорданската Влада?“

Јорданските власти во средината на декември одобрија употреба на вакцината на Фајзер и БиоНтек, а вакцината треба да пристигне кон крајот на јануари или почетокот на февруари 2021 година.

Во Јордан официјално регистрирани се повеќе од 291.000 случаи на Ковид-19 и над 3.900 смртни случаи. Јорданскиот министерот за здравство Назир Обејдат минатиот месец изјави дека дека вакцините ќе бидат бесплатни за Јорданците и за странците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт