ВИДЕО: Двајца средношколци избркани од училиште поради вулгарност на онлајн час

Од:

Двајца средношколци од СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје се избркани од училиште оти на испрашување биле вулгарни и ја пцуеле професорката на онлајн час. На социјалните мрежи се појави и видео од вулгарностите, а во кадар е само професорката од училиштето.

Од видеото се гледа дека професорката, откако еден средношколец вулгарно и се обраќа и ја пцуе оти побарала да му биде вклучена камерата, му укажува дека го слушнала и дека ќе ја запознае класната со случајот, а на ученикот му става единица за полугодие. Се слуша и како некој ученик се смее на вулгарностите.

По инцидентот итен состанок имал наставничкиот совет во училиштето, а двајцата ученици кои биле вулгарни едногласно се исклучени.

Од Министерството за образование во изјава за „А1он“ велат дека училиштата имаат прецизни насоки како да постапуваат во вакви случаи.

„Во врска со објавеното видео на социјалните мрежи, во кое ученик употребува  недоличен јазик кон наставничка, ставот на Министерството за образование е јасен –  вакви и слични  примери на  однесување подлежат на поведување постапка од страна на училиштето за испитување на целиот случај. Во Упатството за начинот на изрекување педагошки мерки  во јавните средни училишта постојат одредби во кои се предвидени законски постапувања во случаи на нарушување на угледот на наставниците и вработените во училиштето. Истовремено, Министерството за образование остро ги осудува сите вакви и слични примери  на комуникација меѓу учениците и наставниците и апелира на развивање повисока свест, почит и култура на целата училишна заедница – ученици, наставници и родители.  Во своите активности МОН активно работи на зајакнување на стручните служби во училиштата, а во насока на зачувување на безбедноста, здравјето и културата  на сите вклучени во воспитно-образовниот процес“, велат од Министерството за образование.

Во препораките за онлајн наставата, освен дека учениците треба да се однесуваат пристојно, стои и дека не е дозволено снимање на онлајн часот од страна на наставниците или учениците.

Во препораките за однесување на наставниците и учениците за време на наставата од далечина од Министерството за образование, освен дека учениците треба да се однесуваат пристојно стои и дека не е дозволено снимање на онлајн часот од страна на наставниците или учениците. Препораките беа испратени до наставниците, а тие пак добија обврска да им ги пренесат на учениците веднаш по почетокот на онлајн наставата.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците