Уапсен градоначалникот на Махачкала

Од:

Градоначалникот на Махачкала главен град на руската република Дагестан, Саид Амиров и десет негови соработници се уапсени под сомнение дека организирале убиство на началник на градската Истражна комисија во декември 2011 година.

Амиров е префрлен во Москва заради понатамошна истрага. Истражната комисија покренала обвинение за убиство против градоначалникот на 31 мај и проверува негова поврзаност и со други кривични дела.

Според руски медиуми, за вмешаност на градоначалникот на Махачкала во убиството, на полицијата и укажал шеф на градска криминална група кој бил уапсен во петокот. Амиров е градоначалник на Махачкала од 1989 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 15 полицајци се убиени во териристичкиот напад во Дагестан, прогласена тридневна жалост

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Идентификувани терористите кои го извршија масакрот во Дагестан

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири на аеродром во Русија, толпа го блокираше авионот од Израел

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија и пожар на бензинска пумпа во Русија, најмалку 35 мртви, ранети се 13 деца

ВИДЕО: Претседателот на руски Дагестан побесне поради мобилизацијата

А1он