Пекинг: Властите им наредија на граѓаните да не го напуштаат градот

Од:

По откривањето на неколку нови случаи на Ковид-19 минатата недела во Пекинг, градските власти апелираа до граѓаните да не го напуштаат градот за време на претстојните новогодишни празници.

Вчера беа потврдени два случаи, плус уште два асимптоматски на почетокот на оваа недела, па градските власти организираа тестирања во населбите каде што беа откриени новозаразените.

Поради страв од нов бран на епидемијата, властите во Пекинг ги откажаа сите јавни собири, како што се спортски настани и саеми, додека кината, театрите, библиотеките и музеите ќе работат со капацитет од 75 проценти.

Официјални лица во пристанишниот град Далиан во североисточна Кина спроведоа тестирање на околу 4,74 милиони луѓе по откривањето на 24 заразени со коронавирусот овој месец.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија