(ВИДЕО) Царовска: Лажна вест беше дека се укинува предметот историја

Од:

Реформите во основното образование кое ги најави Министерството за образование и наука ја поделија јавноста. Коментарите главно се однесуваат на тоа што со изучување на досегашните предмети како историја, географија, граѓанско општество, религи, хемија, физика, биологија во интергрирани групи предмети поделени на природни и општествени науки, остава сомнеж дека ќе биде релативизирано изучувањето на предметот историја и останатите предмети , но исто така збунувачки за дел од јавноста е начинот на кој ќе се предаваат овие предмети и оценувањето на учениците.

Новиот образовен модел за основното образование нема никаква врска со политичките проблеми со Бугарија, промените се итни за да создадеме писмени генерации на силни индивидуи, вели министерската за образование и наука Мила Царовска.

Во интервјуто за А1 он, Царовска и професорката Јасмина Делчева Диздаревиќ од Институтот за педагогија ги објаснија спорните прашања кои се наметнаа откако беше презентирана нацрт програмата за промените во основното образование.

Синоќешниот напад од група професори од Институтот за педагогија, Царовска и Делчева го коментираат како неаргументиран и велат дека во јавната дебата што ќе следи периодов се добродојдени предлози и критики кои ќе бидат основани. Исто така тие објаснија дека со новиот образовен модел ќе се даде слобода на наставниците да го креираат начинот на предавање и тие ќе бидат растеретени од досегашните бирократски и административни обврски и ќе се посветат на учениците и откривање на нивните афинититети и таленти.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Историја, географија, биологија, хемија и физика повторно ќе се учат посебно, запрен е конкурсот за учебници за основно

Катерина Ѓуровски

Повици за парични награди за освоени медали на научни олимпијади и за први три места на меѓународни натпревари по математика и природни науки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2023-2024