Премиерката Ана Брнабиќ, министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон меѓу првите ќе ја примат вакцината за коронавирусот за да им покажат на граѓаните на Србија дека вакцинирањето е безбедно.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера потенцираше дека вакцината е единствениот спас од пандемијата. Тој нема да ја прима оваа вакцина на „Фајзер-БиоНтек“ туку најави дека ќе прими од некоја од другите вакцини, исто за да ја покаже нивната безбедност.
Во Србија во вторникот пристигнаа околу 5000 вакцини на „Фајзер“ и нив први ќе ги добијат жителите на старските домови во Белград и во Нови Сад.