Одбележан Денот на згрижувачките семејства

Од:

Пред Спомен-куќата на Мајка Тереза денеска со неколку креативни рабтилници беше одбележан 1 Јуни, Денот на згрижувачките семејства.

 – Се поголем  е интересот за ваквиот облик на вонинституционална социјална заштита и верувам дека во наредниот период Владата ќе презеде насоки за зголемување на субвенциите на овие семејства бидејќи дефинитвно овој вонинституционален механизам вродува со плод и децата барем добиваат можност да почувствуваат што значи семејство, изјави заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими кој присуствуваше на настанот.

Сузана Таневска Пауновска од Црвениот крст на град Скопје посочи дека прават се децата да ја почувствуваат хуманата димензија на Црвениот крст.

– Имаме мобилни тимови на волонтери кои секојдневно работат со овие деца преку различни креативни работилници, најразлични посети на Зоолошка градина, културни манифестации, кино и театар. Правиме се овие деца навистина да ја почувствуваат хуманата димензија на Црвениот крст, а секако и да им оддадеме голем респект на сите оние семејства коишто ги отвориле своите врати, рече Пауновска.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски