Светската здравствена организација (СЗО) во среда ќе одржи состанок, на кој ќе бидат разгледани стратегиите за сузбивање на новиот вид на коронавирус, кој се појави во Велика Британија.
– Ограничувањето на патувањата како дел од борба против ширењето на вирусот е мудро, се додека немаме повеќе информации, напиша на Твитер регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге, повикувајќи на зајакнати превентивни мерки.
СЗО оцени дека станува збор за нормална етапа од развојот на пандемијата и ја пофали Велика Британија поради детектирање на новиот вид.
Организацијата на ОН вчера соопшти дека новиот вид на коронавирус, за кој се покажа дека се шири побрзо од претходната варијанта, „не е надвор од контрола“.