Актерот Висар Вишка разрешен од директорското место од театарот во Гостивар, инспекцијата утврдила неправилности

Од:

По надзорот што го направила инспекцијата на Министерството за култура, денеска од раководното место на театарот во Гостивар е разрешен актерот Висар Вишка. Како што дознава А1он, инспектори од Министерството за култура утврдиле неправилности во работењето поврзани со финансии, а деталите дополнително ќе бидат соопштени.

„Директорот Висар Вишка се разрешува поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон. Министерството за култура преку овластен инспектор за култура на 28 10.2020 година изврши вонреден инспекциски надзор во НУ Гостиварски театар-Гостивар, при што се утврдени низа неправилности во работењето на назначеното раководно лице“, потврдуваат за А1он од Министерството за култура.

За нов вршител на должност е поставен вработен од колективот на театарот.

Вишка беше назначен за директор во септември минатата година, а на ова место дојде како вработен во Македонскиот народен театар и беше советник на министерот за култура Асаф Адеми, кој ја отвори Националната установа „Гостиварски театар“.

Тогаш беше објавено дека со одлука на Владата ќе има 27 вработени и дека театарот ќе ја дели сцената со Центарот за култура АСНОМ. Адеми тогаш кажа дека за старт на театарот ќе бидат издвоени 10 милиони и 225 илјади денари (околу 165.000 евра).

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Министерство за култура и туризам: Меморандумот за разбирање со Британскиот совет е платформа за развој на културната економија

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска