Дваесет и деветтиот меѓународен фестивал „Денови на комедија“ во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи од 23 септември до 5 октомври годинава, соопштија на денешната прес-конференција од Националната установа. Во текот на фестивалските денови, публиката ќе има можност да проследи десет театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот.
-Ќе се доделат награди за најдобра претстава, режија, сценографија, костимографија, главна женска и машка улога, споредна женска и машка улога и млад актер. За наградите ќе одлучува тричлено жири. На затворањето на фестивалот, надвор од конкуренција, во чест на годинешниот лауреат Игор Џамбазов- изјави актерката Александра Михајловска Величковски.
Фестивалската програма ќе понуди врвна комедија, познати актерски имиња и претстави кои низ смеата и хуморот отвораат различни теми од секојдневниот живот
– Билетите се веќе во продажба, а за дел од претставите веќе се распродадени. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам со 800 илјади денари и од Општина Куманово со 450 илјади денари, но благодарни сме на општествено одговорните компании- изјави директорката Јоана Сарафимовска.
Организаторите годинава посочуваат и на поголем број спонзори и очекуваат поддршката да продолжи и за јубилејното 30-то издание догодина. Претставите ќе се одржат во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, со почеток во 20:00 часот.
