Во Албанија уште построги мерки за празниците, полицискиот час ќе почнува во 20:30

Од:

Албанија ги зајакнува мерките за претстојните празници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, информираше Огерта Манастирлиу, министерката за здравство и социјална заштита.

Наместо од 22:00 до 6:00 часот, како беше воведено на 11-ти минатиот месец, почнувајќи од 24 декември, полицискиот час ќе се применува од 20:30 часот, до 6:00 часот. Оваа мерка ќе важи до 4 јануари.

– Бидејќи влеговме во период на одмори, врз основа на проценка на ризик што ја носат собирите и зголемувањето на контактите, по анализа на состојбата донесовме неколку одлуки. Така, почнувајќи од 24 декември до 4 јануари ограничувањето на движењето на населението ќе биде од 20:30 до 06:00 часот наутро. Од ова се изземаат службите за итни потреби и медиумите. Од петти јануари полицискиот час се враќа од 22:00 до 6:00 часот, рече Манастирлиу.

Со новата одлука на Комитетот од 24 декември до четврти јануари во 20:30 завршува работното време и во угостителските и трговските објекти, освен оние за домашна достава.

Според неа направената анализа на состојбата од страна на Комитетот на експерти во однос на епидемиолошките податоци на крајот на 51-та недела од епидемијата, проценка е дека последните две недели инциденцата изнесува 359 нови случаи на 100.000 жители.

-Во последните четири недели се проценува дека ситуацијата покажала стабилност во однос на позитивните случаи на 100.000 жители и процентот на позитивност во однос на тестираните. Од друга страна, процентот на зафатеност на кревети во ковид болниците во последните две недели е 63,7 отсто, а процентот на легла зафатени при реанимација во болниците е 25,3 отсто, изјави Манастирлиу.

Посочи дека теренската работа од сите здравствени структури продолжува и оти ќе бидат во целосна готовност како и во изминатите 10 месеци.

-Теренската работа, тестирањето, следењето и изолацијата на сомнителни или потврдени случаи се одвива непречено. Од денес, како што се информирани сите граѓани, брзи тестови се користат уште на 6 пункта на здравствени центри во Тирана како и во сите градови според утврдениот календар, изјави министерката.

Нагласи дека состојбата редовно ќе се анализира и доколку има потреба, ограничувачките мерки ќе бидат проширени или намалени.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски