ЕУ автобусот во посета на Миравци

Од:

Автобусот на Европската унија денеска престојуваше во Миравци во рамки на активноста „ЕУ одблизу“, чија цел е директна комуникација на делегацијата на ЕУ со граѓаните од руралните области и непосредно презентирање на добивките и обврските од зачленувањето во Европската унија.

Жителите на Миравци имаа можност да добијат подетални информации од тимот на ЕУ предводен од словачкиот амбасадор Роберт Кирнаг и заменик амбасадорот од ЕУ делегацијата Роберт Лидел.

– Со оваа програма настојуваме да ја доближиме Европската унија до граѓаните на Македонија. Автобусот на ЕУ наиде на извонреден прием како кај учениците на ООУ „Климент Охридски“, така и кај граѓаните на Миравци кои за време на средбата покажаа огромен интерес за функционирањето на унијата, изјави Лидел.

Кратко предавање за Европската унија беше одржано пред учениците од Миравци кои потоа учествуваа во наградни игри и квиз на знаење за Европската унија.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Веруваме дека сме блиску до договор со САД за царините

Горан Наумовски

Ковачевски: Граѓаните треба да бидат среќни, живеат во држава со исклучително ниво на безбедност

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

На европското знамнце не му било местото во измените на Кривичниот законик: ЕУ загрижена за новите одредби

ЕУ за предлог измените во Кривичниот законик: Проверуваме дали е злоупотребено знаменцето

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов