Просечната мартовска нето плата во Хрватска 730 евра

Од:

Просечната нето плата по вработен во Хрватска за месец март изнесувала 730 евра, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Според тоа, просечната нето плата во однос на месец февруари има номинален раст од 1,3 отсто, односно реален раст од еден процент.

Во однос на март 2012 година просечната нето плата е номинално зголемена за 0,3 отсто, а реално е помала за 3,3 проценти, покажуваат податоците на хрватскиот Државен завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата изнесува 727,3 евра, што во однос на периодот 2012 година е номинално зголемување за еден, а реално намалување за 3,4 проценти.

Просечната бруто плата во март изнесувала 1.056,4 евра, што претставува номинален раст од 1,6 и реален од 1,3 проценти во однос на февруари. Во однос на истиот месец во 2012 година бруто платата е номинално повисока за 0,3, а реално пониска за 3,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик