Врховниот суд на Бразил и дозволи на државата „индиректно да го принуди“ населението да се вакцинира против новиот коронавирус доколку се донесат соодветни закони.
Преку нив, властите на различни нивоа ќе можат да воведат ограничувања на граѓаните во случај на одбивање на имунизација.
„Сојузниот врховен суд донесе одлука дека вакцината против коронавирус може да биде задолжителна во согласност со релевантниот закон“, се наведува во соопштениетоод Судот.
При разгледување на прашањето за задолжителна вакцинација на населението, комисијата го поддржа судијата Рикардо Левандовски, кој тврди дека присилата може да се изврши „индиректно“ – на пример со забрана за невакцинирани лица да посетуваат одредени места или да вршат одредени активности.
Во исто време, судиите нагласија дека вакцинацијата бара согласност од луѓето, така што секоја одлука за присилна вакцинација ќе биде грубо кршење на Уставот.
Со оваа судска одлука, бразилските власти на државно и општинско ниво се обидуваат да наметнат обврска на граѓаните да бидат вакцинирани доколку не сакаат да им бидат изречени одредени ограничувања.
Владата на Бразил планира да го вакцинира целото население во земјата против коронавирус во 2021 година, со употреба на вакцини одобрени од националниот здравствен регулатор Анвиса.