Али Ахмети стана почесен доктор на Тетовскиот универзитет, Груби вели: таква личност нацијата ретко раѓа

Од:

Тетовскиот Универзитет денеска му ја додели титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети.

На свеченоста се обрати потпретседателот на ДУИ Артан Груби, кој во поздравниот говор не ги штедеше зборовите на пофалба за партискиот лидер, а го цитираше и германскиот филозоф Фридрих Ниче, за да ја илустрира важноста на денешната свеченост.

„Денешниот чин е една правилна одлука и одлука со која всушност се почести Тетовскиот Универзитет, но и сите Албанци затоа што, како што вели и Ниче, „почитувањето на големите личности, ја возвишува нацијата,“ рече Груби пред поголем број луѓе на свеченоста во свечениот амфитеатар на ДУТ.

„Личност како што е лидерот на ДУИ, г. Али Ахмети, кој целиот негов живот го има посветено на нацијата и еднаквоста, на демократијата и интеграцијата, на образованието и развојот, на правата и достоинството, посветувајќи се целосно во услугата кон другите, вакви личности нацијата ретко раѓа,“ рече Груби во поздравниот говор, во кој се наврати и на моменти од модерната историја на Албанците кои според него го илустрираат значењето на Ахмети за нацијата.

Груби им честиташе на ректорот, сенатот, академскиот кадар, студентите и сите оние „кои се жртвуваа децении наназад за подигање на храмот на знаењето“, за чествувањето на г. Али Ахмети со заслужената титула Доктор Хонорис Кауза, „затоа што со честа кон него, тие прават чест за сите други заслужни личности“.

Во биографијата на Али Ахмети стои дека има диплома од Филозофскиот факултет во Приштина (1983), а бил и еден од водачите на студентските протести на Косово во 1981 година.

Лидерот на ДУИ во објава на Фејсбук почесната академска титула им ја посвети на „мачениците, воините, едукаторите, активистите, соработниците, поддржувачите“.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Албанскиот народ во земјава е под напад од институциите

А1он

Влен: Петар Богојевски лавира во ставовите во зависност од личните очекувања, од реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист

ДУИ: Богојевски ги навредува Албанците и вредностите на ЕУ, да се повлече одлуката

„Вреди“: Лицемерно е кога ДУИ рони солзи за правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: Албанците не треба да бидат уценувани и заложници за гласови

ДУИ: Дали „новиот општествен договор“ е продолжение на коалицијата на олигархијата Мицкоски–Заев?