Сопругата на принцот Алберт има нова фризура: Принцезата Шарлин избричи дел од главата

Од:

Принцезата Шарлин, сопругата на принцот Алберт од Монако, одлучи да го смени имиџот. Поточно, фризурата.

42-годишната принцеза е втора сопруга на владетелот на Монако и поранешна олимписка репрезентативка на Јужноафриканската Република во пливање.

Шарлин и принцот Алберт на денот на нивната венчавка во 2011 година

Деновиве, кралскиот пар е забележан на настан каде се делеле божиќни пакетчиња, а и покрај тоа принцезата се обидела да ја сокрие новата фризура со капа, било видливо дека таа се решила на храбар чекор и избричила еден дел од главата.

Принцезата Шарлин, која со принцот Алберт има близнаци: принцезата Габриела и принцот-престолонаследник Жак, сега изгледа како вистинска рок ѕвезда.

Принцезата со двете деца, близначињата Габриела и Жак, на свеченоста по повод Националниот ден на Монако на 19 ноември годинава, пред новата панкерска фризура

– Таа носеше беретка со која ја криеше својата фризура, но кога се приближив, можев да видам дека е избричен еден дел од главата – изјави извор за списанието „Пипл“.

Би можело да ве интересира

Монако го купува Минамино

А1он

Белгиецот Клеман седна на клупата на Монако

А1он

Принцезата Шарлин од Монако закрепнува надвор од кнежевството

Ана Ололовска

Принцезата Шарлин се врати во Монако, но нејзиното заздравување сѐ уште трае

Ана Ололовска

Принцезата Шарлин со месеци не е во Монако

Ана Ололовска

Четиригодишно дете со Бентли прегази пешак во Монако