СЗО: Рекордни 4,3 милиони новозаразени во светот за една недела

Од:

Во изминатата недела во светот се регистрирани повеќе од 4,3 милиони новопотврдени случаи на Ковид-19, најмногу во текот на една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според податоците на глобалните организации, во светот во периодот од 7 до 13 декември се регистрирани вкупно 4.329.927 нови случаи со коронавирус и 75.038 смртни случаи.

Претходно, најголеми бројки за период од седум дена беа регистрирани од 16 до 22 ноември – вкупно 4.060.891 случаи.

СЗО наведува дека Америка и Европа го носат товарот на пандемијата, со 85 проценти нови случаи и 86 проценти починати.

Сепак, за разлика од Северна и Јужна Америка, каде што бројот на случаи се зголемува, се чини дека епидемиолошката состојба во Европа се стабилизира.

Сепак, ширењето на инфекцијата се интензивира во Африка, додека во Југоисточна Азија бројот на новозаболени постојано се намалува.

Во периодот помеѓу 7. и 13 декември, над два милиона нови случаи биле регистрирани во Северна и Јужна Америка, а повеќе од 29 илјади починале од Ковид-19, пренесува агенцијата ТАСС.

Југоисточна Азија има над 290.000 случаи и околу 4.400 починати.

Во изминатата недела, бројот на случаи во САД е зголемен за повеќе од 1,4 милиони, во Бразил за повеќе од 302 илјади, во Турција за повеќе од 219 илјади, во Индија за околу 212 илјади, во Русија за околу 193 илјади и во Германија за околу 149 илјади случаи.

Инфекцијата, исто така, брзо се шири низ Обединетото Кралство – преку 124 илјади нови случаи, во Италија повеќе од 115 илјади, во Франција за околу 82 илјади.

Голем број новозаразени има и во Украина – над 80 илјади и во Полска околу 72 илјади лица.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа