Писмо од опозицијата до Груевски

Од:

Пратеничките групи на СДСМ, НСДП, ЛП, ПЕИ и СЛ упатија писмо до премиерот Никола Груевски во кое бараат тој и Претседателот Ѓорѓе Иванов да се обратат во Собранието и да реферираат што планира официјалниот врв самитот во Чикаго.

„Шест години ја замајувате јавноста дека ќе ја решите невработеноста и ќе привлечете странски инвестиции. Шест години македонската економија тоне и е светски шампион во мизерија и невработеност“, пишува во писмото.

Опозицијата му посочува на Груевски дека има должност да каже како планира да ја поправи „катастрофалната економска состојба“.

„ЕУ и НАТО не се ваша приватна работа и тие не смеат и не можат да бидат предмет на Вашето емотивно толкување и нагон“, реагираат пратениците на ставовите на Груевски за МИА.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?