Џорџ Клуни бил згрижен в болница со панкреатитис, како последица на екстремно слабеење, за потребите на претстојниот филм „Полноќното небо“ (The Midnight Sky), како што пренесува британски „Мирор“.
Имено, 59-годишниот актер, кој е и режисер на филмот, загуби скоро 13 килограми за улогата во филмот како астроном кој преживеал апокалипса и морал да помине неколку недели во болница.
– Мислам дека се трудев премногу брзо да ослабам и веројатно не се грижев доволно за себе. Ми требаа неколку недели да заздравам, а како режисер, тоа не е така лесно, затоа што ти треба енергија. Бевме и на глечер во Финска, што исто така, ја отежнуваше работата. Но, тоа секако помогна во градењето на карактерот, раскажува Клуни.
Меѓу другото, за улогата морал да пушти и долга брада, на не баш големо задоволство на неговата сопруга Амал.
– Мојата сопруга и ќерка ми беа навистина среќни кога ја снема, бидејќи претходно не можевме да го најдеме лицето под целиот тој неред, додава тој.
Семејството Клуни се родители на близнаците Александар и Ела (3) и од февруари, при сето време во пандемијата се во својот дом во Холивуд Хилс.
За жал, жртвата на Клуни за „Небото на полноќ“ не му донесе поени кај критичарите. Филмот доби 58 од 100 бодови по 36 критички осврти на интернет-страницата „Ротен домат“. Првото прикажување се случи на 23 декември.