Филипче: Предложив измена на програмата за имунизација , за побрз пристап до Ковид вакцината

Од:

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска на седница на Влада поднесе Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година. Со измена на Програмата за вакцинација, сме чекор поблиску до обезбедување на вакцините за Ковид 19 преку Ковакс механизмот, вели министерот Филипче.

Програмата предвидува измени во делот за финансиски, средства како една од обрвските преземени со договорот со ГАВИ за влез во Ковакс механизмот. Средствата се веќе обезбедени со последниот ребаланс на буџетот. Преку Ковакс механизмот ќе се обезбедата 833.000 вакцини, овие дози вакцини се за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација.

Вакцините во земјава ќе стигнуваат согласно планот за дистрибуција кој ќе го одреди Ковакс, а испораката ќе биде истовремено во сите 127 земји, како и земјите од регионот Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и дел од Србија. Првата испорака на вакцини се очекуваат во првите месеци од 2021 година.

„Покрај овој механизам, Министерството за здравство започна преговори, односно достави формални барања за обезбедување вакцини уште преку два други механизми. Првиот е во директни преговори и со директна набавка од компаниите Фајзер у Астра Зенека кои ги произведуваат вакцините, а од каде наскоро очекуваме да имаме и формална понуда. Третиот механизам е преку Европската Унија за што е исто така формално побарано од делегацијата во Скопје и очекуваме информација. Што се однесува до набавката во рамки на Европската Унија, таа нарачува 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата.“ – истакнува Филипче.

Ковид вакцината ќе биде бесплатна за сите граѓани и нема да е задолжителна. Со почетокот на вакцинацијата нема веднаш да се намали ризикот од Ковид 19, ниту пак веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените установи, но вакцинацијата и натаму доследното почитување на превентивни мерки можат значително да ја смената сликата на пандемијата.
Вирусот Ковид 19 ќе продолжи да циркулира и следниот период оттука мерките за превентива и заштита како носење маска, држење дистанца, негрупирање, хигиена на раце ќе бидат задолжителни и во периодот пред нас.

На приоритетната листа за вакцинација први ќе бидат здравствените работници кои работат со ковид, како и ризичните групи граѓани со зголемен ризик за Ковид 19, за кои вакцината ќе биде високо препорачана, но не и задолжителна.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања,

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднела 200 амандмани на буџетот за 2025 за кој вели дека е нереален и генератор на нови долгови

Филипче му ја честиташе победата на Доналд Трамп