Парламентарните избори во Кувајт

Од:

Во Кувајт денеска се одржуваат парламентарни избори во услови на најголема економска криза во последните неколку децении, што претставува предизвик за често турбулентниот однос на Владата кон Парламентот, кого го обвинува за блокирање на реформите.

Гласачите ќе изберат 50 пратеници од 300 кандидати, од кои 29 жени.

Критичарите тврдат дека Парламентот ги блокира инвестициите и економските и фискалните реформи.

Кампањата се одвиваше главно на социјалните мрежи и на локалните телевизиски канали, поради ограничувањата воведени поради пандемијата, а нејзиниот фокус беше насочен кон прашања поврзани со економијата, корупцијата и демографијата во земја каде странците го сочинуваат мнозинството од работната сила.

Се очекува излезноста да биде помала отколку на претходните избори поради загриженост за пандемијата што, заедно со ниските цени на суровата нафта, имаше негативно влијание врз економијата на оваа богата земја.

Малата излезност може да биде во корист на неколку исламисти и други кандидати чии поддржувачи можат помасовно да одговорат на повикот за гласање, велат аналитичарите и додаваат дека опозицијата, која ги бојкотираше претходните избори, сега може да го смени тоа и да излезе на гласање, а тоа може да го зајакне нејзиното присуство на политичката сцена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во Кувајт, има голем број загинати и повредени

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

ЕУ: Кувајт покажува напредок во областа на женските права

А1он

Амбасадорот на Кувајт повикан на консултации во ЕУ

А1он

Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година

А1он