Музејот на восочни фигури во Барселона ја изложи новата статуа на капитенот на каталонскиот клуб Лионел Меси, предизвикувајќи подбивни реакции од навивачите поради „изобличениот“ лик на Аргентинецот.
Меси е претставен во клупските бои на Барселона со неговиот заштитен број 10 и карактеристичната поза во која ги прославува головите со кренати показалци кон небото.
Статуата предизвика големо разочарување и подбивни реакции на социјалните мрежи од голем број навивачи, кои коментираат дека ликот на Меси на восочната фигура е изобличен и повеќе наликува на играчот на Јувентус, Арон Рамзи или голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.