Циркусот со диви животни во Македонија и законски ќе биде забранет, а тоа е предвидено со новиот предлог Закон за заштита и благосотојба на животните, објави 24 Вести.
Законот кој за три недели треба да го изгласаат и пратениците, предвидува и забрана за одгледување и размножување на животни наменети за циркусни претстави.
Според новите правила одгледувачите на кокошки несилки се должни да ги исфрлат од употреба кафезните системи шест месеци пред пристапувањето на Маекдонија во Европската Унија.