Спортска опрема од МОК за училиштето „Владо Тасевски“

Од:

За потребите на учениците на ООУ „Владо Тасевски“, денеска Македонскиот олиписки комитет додели спортска опрема, топки за кошарка, фудбал, одбојка и ракомет.

Станува збор за традиционална активност на МОК, која се одржа со помал број на присутни лица, во согласност со препораките за почитување на мерките за заштита од Ковид – 19.

Во спортската сала на училиштето, градоначалникот Стефан Богоев истакна дека на сите ни недостасуваат спортските настани, Училишните спортски лиги, но дека моменталната ситуација не приморува да бидеме претпазливи, да спортуваме на отворено, на дистанца, а поприфатливи се индивидуалните спортови:

– Минатата година, целосно го реконструиравме и подот во оваа училишна спортска сала, со што навистина се подобрија условите за спортување на учениците и одржување на часовите по Физичко образование.
Знам дека не ви е лесно, но ве повикувам да продолжите да ги почитувате мерките. Само така, ќе се вратиме на старите навики, рече Богоев.

Пред присутните се обрати и претседателот на МОК, Даниел Димески. Тој посочи дека оваа институција ќе продолжи да ги поддржува младите и да вложува во развој на нивниот талент.

– Само на тој начин, голем дел од вас ќе бидат нови наши професионални спортисти, кои ќе исполнуваат норми за Олимписки игри и за други големи натпреварувања, посочи Димески.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

Најавено зголемено учество на жените во спортот

А1он

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски