Во Белгија на 1 декември повторно се отвораат продавниците, другите мерки остануваат на сила

Од:

Брисел, 27 ноември 2020 (МИА)– Продавниците повторно ќе бидат отворени во Белгија од 1 декември, изјави денеска премиерот Александар Де Кро, но делумниот карантин ќе остане во сила затоа што е потребен со цел да се продолжи со падот на бројот на заразени со коронавирусот.

– Од 1 декември продавниците можат повторно да бидат отворени. Ситуацијата во нашата земја се подобрува, рече премиерот, но додаде дека е важно да се запре ширењето на инфекцијата и дека прославата на Божик и Нова година ќе биде „поинаква”.

Продавниците треба повторно да се отворат на одговорен начин и со сите безбедносни мерки, односно луѓето треба да одат сами на шопинг и да поминат кратко време таму. Одлуката е донесена по одлуката за повторно отворање продавници во Франција, најавена за в сабота.

Продавниците се отворени и во другите соседни земји на Белгија – Германија, Луксембург и Холандија. Досега само продавниците, пред се за храна, можеа да продолжат да работат.

Белгија, земја со 11,5 милиони жители каде се наоѓа седиштето на европските институции и на НАТО, е сериозно погодена од вториот бран на пандемијата и е под нови мерки на изолација од 30 октомври.

Баровите, рестораните и кафулињата ќе останат затворени, ќе остане во сила обврската за работа од дома кога е можно, ограничувањето на социјалните контакти и полицискиот час од полноќ до пет наутро.

– Оваа година ќе го славиме Божик во семејството, малкумина на број, ќе биде поинтимен и ќе има општа забрана за огномет за Нова година, рече премиерот.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски