Русија ќе вакцинира 400.000 војници против коронавирусот

Од:

Русија планира да вакцинира повеќе од 400.000 војници и друг воен персонал против Ковид-19, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, пренесуваат британските медиуми, додавајќи дека земјата штотуку го регистрира рекордниот дневен биланс на новозаразени – 27.543.

Шојгу потсети дека досега се вакцинирани само 2.500 припадници на вооружените сили, а таа бројка до крајот на годината треба да се зголеми на 80.000.

Русија, чии научници работат на повеќе вакцини против вирусот САРС-КоВ-2, од септември се соочува со брзо ширење на инфекцијата, но властите претпочитаат да се потпрат на целните мерки во одделни региони, отколку на затворање на целата земја.

Индиската фармацевтска компанија „Хетеро“ годишно ќе произведува повеќе од 100 милиони дози од руската вакцина „Спутник V“ против Ковид-19, се наведува во договорот потпишан меѓу рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) и овој индиски производител на лекови.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија