Сопствениците на возила со странски таблички ќе треба да дадат изјава дека возилото е влезено во земјава пред 1 октомври за последен пат за да платат помали давачки за регистрација.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска појаснувајќи го предлог-законското решение, оцени дека се работи за важен закон со кој од една страна ќе се реши проблемот со возилата со странски таблички, а од друга страна ќе има дополнителни приходи во Буџетот.
– Многу е важно да се наведе фактот дека остануваат другите критериуми кои произлегуваат од постоечките закони за возила, а кои се однесуваат на заштита на животната средина. Значи сите возила кои се влезени пред 1 октомври, а ги исполнуваат еколошките критериуми предвидени со подзаконските акти, а тоа е да бидат над евро 4 стандард, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Крива Паланка.