Корона-кризата не ја сруши цената и побарувачката за половни коли

Од:

Цената на половните автомобили останува непроменета и покрај економската криза која ја предизвика пандемијата која трае повеќе од една година.

Половните автомобили увезени од странство се често застапени на македонските улици, поради нивната пониска цена од новите некористени возила, а побарувачката за нив била висока и во изминатава пандемиска година.

„Не можам да кажам дека пандемијата ја зголеми побарувачката на користени возила кај нас, пред се продажбата на користени возила зависи од понудата која ја имаме моментално. Тие се возила кои ги набавуваме по три принципи, од старо за ново, увоз на возила од странство, најчесто од Бугарија, односно од компанија преку оперативен лизинг, и возила кои ги купуваме во кеш од наши клиенти, ја купуваме нивната кола бидејќи им треба кеш. Во последно време кај нас, оваа и минатата година се зголеми побарувачката на користени возила, но тоа не го поврзувам со пандемијата, туку со изборот. На пример, изборот од Бугарија ни нуди квалитетни возила кои се редовно одржувани. Откако е завршен тој оперативен лизинг, ние сме тие кои ги купиле по таа продажба“, вели Ана Домевска од Тојота авто центар.

Таа вели дека минатата година кај сите бил забележан некаков пад кој не беше очекуван, но дека оваа година луѓето се прилагодиле на условите на живеење во пандемија.

Домевска вели дека неколку години наназад нивниот огранок во Стопанска комора не функционира, односно импортерите не ги пријавуваат продажбите, па затоа не може да се каже точна информација на ниво на цела Македонија.

„Со користените возила, цената никогаш не е диктирана од некои надворешни случувања. Цената на возилата кај користените ја диктира километражата и состојбата на возилото. Се прави анализа колку исто такво возило чини во моментот и се доаѓа до цената“, вели Домевска.

Гоце Ѓоргиевски од „Аутото“ вели дека во изминатата година економската моќ на потрошувачите е намалена.

„Autoto е стабилно во однос на зацртаните продажни таргети, но исто така остануваат стабилни и цените на возилата, во смила дека нема покачување на цените иако веќе се ефективни новите повисоки давачки за еколошки стандарди и емисија на штетни гасови “, вели Гоце Ѓоргиевски од „Аутото“.

Тој вели дека од пандемијата извлекле многу искуства и нашле нови иновативни методи за соочување со тешките предизвици и справување со неочекувани ситуации

„Примарно Autoto функционира со продажба на половни возила кои се пристигнати кај нас по принципот старо за ново од салоните за нови возила од програмата Ford и Hyundai. Според потребите на пазарот Autoto се снабдува со возила од сестринските фирми од распространетата мрежа на франшизата под која работи “, вели тој.

Инаку, половните автомобили во Србија оваа пролет поскапеа за најмалку 30 отсто.

Има повеќе причини за тоа. Царината ги промени тарифите и сега мора да се увезуваат исклучиво возила кои ги задоволуваат еколошките стандарди.

„Поради короната тежок е пристапот до половни возила од запад, бидејќи и таму се скапи“, велат српските дистрибутери на користени возила.

Би можело да ве интересира

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

Сопствениците на возила со странски таблички ќе потпишуваат изјава дека возилото е влезено пред 1 октомври

Ана Ололовска

Бектеши: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 отсто намалени давачки

Катерина Ѓуровски

Увозот на половни коли намален за 42%, падот кај новите возила е 18%

Жарко Настоски

Танасоски: Уредбата за увоз на возила засега не се менува, забелешките ќе се анализираат

Ана Ололовска

Увозници на половни возила ги изнесоа своите забелешки за Законот за данок на моторни возила

А1он