Асиметричен трговски режим со Хрватска по нејзиниот влез во ЕУ

Од:

Асиметричен трговски режим ќе се воспостави меѓу Македонија и Хрватска откако оваа земја по 1 јули годинава и официјално ќе стане членка на Европската унија. Особено ќе се намали досегашната либерализирана размена во земјоделството и прехранбената индустрија.

Како што истакна денеска Васко Ристовски од Стопанската комора, влегувањето на Хрватска во ЕУ ќе има и позитивни и негативни импликации.

– Компаниите се уште не знаат што точно ќе се случува, но желба за соработка со земјите од ЦЕФТА се уште постои, рече Ристовски на прес-конференција.

Според него, се размислува да останат правилата за тргување според ЦЕФТА-договорите барем извесен период од зачленувањето на Хрватска во ЕУ.

Комората, додаде Ристовски, се уште нема информации дали се преговара и во кој дел на државно ниво.

Вкупната размена на Македонија и Хрватска минатата година беше 93 милиони евра од кои во агросекторот 41,2 милиони. Најмногу се тргува со кондиторски производи. Македонија извезува и вино, тутун, овошје…, а увезува месо, млеко, нивни преработки, пченица, брашно.

Земјите-членки на ЦЕФТА на последниот состанок констатирале дека клучни проблеми во размената се уште се непризнавањето на сертификатите и нивната унифицираност, инспекциските надзори, фитосанитарната област и дополнителните давачки. Укажано е на потребата од намалување на трговските бариери, како и од зајакнување на внатрешните контроли и комуникацијата заради спречување состојби како онаа со појавата на афлатоксин.

И покрај кризата, размената во рамки на ЦЕФТА е намалена за само 0,7 отсто, и лани достигнала 8,1 милијарда евра.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик