Колумбиската влада и бунтовниците постигнаа договор за земјиште

Од:

Владата на Колумбија и левичарските бунтовници вчера соопштија дека постигнале договор за реформи за земјиште, што е едно од најчувствителните прашања во нивните мировни преговори, пренесе „Франс прес“.

Според договорот на владата и претставниците на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРЦ), компензација ќе добијат сите оние кои го изгубиле имотот или се раселени од своето огниште, изјави кубанскиот дипломат Карлос Фернандес Де Косио, чија што држава е домаќин на повеќемесечни преговори.

Разговорите во Хавана главно беа насочени кон реформите за земјиште, што е едно од петте прашања за кои што требаше да се расправа.

Распределбата на земјиштето беше една од причините за повеќедецениските судири во Колумбија, каде што постои голема разлика помеѓу тоа што им припаѓа на богатите земјопоседници и сиромашните селани.

Двете делегации по неколку дена ќе разговараат и за политичките прашања.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски