ВИДЕО: Среде пандемија, 7.000 луѓе без маски на еврејска свадба во Бруклин

Од:

Гувернерот на американската држава Њујорк, Ендрју Куомо, го осуди големиот собир што се случил пред неколку недели во Бруклин, кога илјадници луѓе, организирани тајно, присуствувале на свадба во хасидска синагога, без да се почитуваат какви било мерки за заштита од коронавирусот.

На снимката од собирот објавена на интернет, се гледа свадбената церемонија во преполниот храм Јетев Лев во Вилијамсбург, одржана на 8 ноември, во која луѓето пеат и играат, нагмечени во тесниот простор на синагогата.

Според информациите во американските медиуми, во храмот, кој го посетуваат припадници на Хасидската гранка на Ортодоксните Евреи, се женел внукот на главниот рабин, Арон Тајтелман. Во зградата и во дворот наводно биле собрани околу 7.000 луѓе.

Според Њујорк Пост, подготовките за свадбата биле направени во најголема тајност, а 73-годишниот рабин наводно им кажал на своите роднини и соработници дека треба да се заштитат од „мршојадците од печатот“ и од владините службеници, кои ќе инсистираат на почитување на заштитните мерки против коронавирусот.

Според прописите кои се на сила, верските собири во затворен простор во градот и во државата Њујорк се ограничени на најмногу 50 отсто од капацитетот на објектот.

Њујорк е една од американските држави кои се најпогодени од Ковид-19 – во неа досега се регистрирани преку 600.000 случаи на заразени лица, а од компликации поврзани со коронавирусот починаа околу 34.000 луѓе.

Гувернерот Куомо најави дека случајот со масовно посетената свадба ќе се истражи, со помош на полицијата и правосудните органи.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски