Фон дер Лајен: Се надеваме на промена на ангажманот на САД со новоизбраниот претседател

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека се надева на нов американски мултилатерален ангажман со новоизбраниот претседател Џо Бајден, особено во делот на борбата против пандемијата и глобалното загревање.

-Сите земји мора подобро да соработуваме со цел да се постигне подобра глобална здравствена безбедност … До денес САД не сакаа да се занимаваат со оваа тема. Се надевам дека ова сега ќе се промени со изборот на новиот претседател, рече Фон дер Лајен пред самитот на Г20.

Таа, исто така, изрази очекување дека новата американска администрација ќе се ангажира и во областа на климатските промени.

Администрацијата на Доналд Трамп, која Бајден ја критикуваше за лошиот одговор на епидемијата, ја покрена постапката за повлекувањето на САД од Светската здравствена организација. Администрацијата на Трамп го отфрли и Парискиот договор за климата.

Саудиска Арабија викендов е домаќин на виртуелен самит на Г20, а една од темите се последиците од пандемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски