Односите меѓу британскиот премиер Винстон Черчил и советскиот диктатор Јозеф Сталин во првите години на Втората светска војна варирале од „топло до ладно“, а вистинскиот однос меѓу нив двајцата се развил дури за време на посетата на Черчил во Москва во август 1942 година.
Неодамна објавените архивски документи покажуваат дека воените лидери на Британија и СССР, Винстон Черчил и Сталин, напредокот во односите ги оствариле една московска ноќ во која добро се напиле, јави Би-Би-Си.
Ни таа посета не почнала добро, но една вечер Черчил побарал состонок со Сталин во четири очи за конечно да биде остварен некаков напредок. Повикан е во собите на Сталин околу 19 часот навечер. Функционерот на британското Министерство за внатрешни работи Александер Кардоган им се придружил после полноќ и запишал: – Меѓу нив имаше маса преполна со храна од сите видови… и безброј шишиња. Атмосферата била весела како на венчавање, иако Черчил се жалел на блага главоболка.
Сталин пиел нешто жестоко, а премиерот кавкаско црно вино, пишува Кардоган. – Тие двајца големи луѓе навистина се „најдоа“ и почнаа добро да се согласуваат, додаде тој.
Сталин беше познат по гостољубивоста која вклучува големи количини на алкохол и сакал да преговара со луѓето кои можат добро да испијат.
– Винстон сигурно бил импресиониран, а се чини дека чувството било возвратено, додаде Кардоган. Се разделиле дури после три часот наутро.