ВИДЕО: Горат згради во пустиот град Агдам, кој му припадна на Азербејџан

Од:

Во согласност со договорот за прекин на огнот потпишан меѓу Азербејџан и Ерменија со посредство на Русија, ерменските сили и малубројните Ерменци денеска го напуштаа градот Агдам, а во исто време азербејџанските безбедносни сили се стационираа во овој град.

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат дека оклопни возила на азербејџанската армија се движат кон Агдам, пречекани од радосни Азербејџанци, додека минуваат низ населените места.

Во меѓувреме, ерменската армија, повлекувајќи се од регионот Агдам, ги запали полициската станица и другите згради и контролни пунктови што ги користеше, пренесува агенцијата Анадолија.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска