Претседателот на Собранието испрати сочувство до семејството на Љубисав Иванов

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати телеграма со сочувство по повод смртта на Љубисав Иванов – Ѕинго, повеќегодишен пратеник и претседател на Социјалистичката партија на Македонија.

– Би сакал, од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да изразам длабоко сочувство за оваа загуба. Почитуваниот Иванов беше пратеник во речиси сите пратенички состави од осамостојувањето на Републиката, неговиот придонес во градењето на државата, неговата активност како бизнисмен и човек кој дал безрезервна поддршка на спортот во нашата држава, ќе останат запаметени. Изразувам длабоко сочувство до семејството на нашиот поранешен колега, убеден сум дека нивната тага во овој момент е преголема, меѓутоа, споменот за него вечно ќе го чуваат во срцата, се наведува сочуството што Џафери го упати до семејството на Иванов

Би можело да ве интересира

Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и Џафери и да избере нов спикер

Горан Наумовски

Левица: Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

A1on

Џафери: Касами не може да држи прес-конференции во Собранието

A1on

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Џафери-Рот: Уставните измени нема да бидат на штета на ниту еден Македонец во земјата

Ана Ололовска

Џафери: Нема седница за пратенички прашања, Владата е во оставка