Баерн Минхен и Борусија Дортмунд вечерва на „Вембли“ во Лондон, во германското финале ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите.
Баварците се четирикратни шампиони и ќе го играат третото финале во последните четири години, второ по ред, откако ланската сезона загубија од Челси на пенали.
„Милионерите“, кои беа пред банкрот во 2005 година закрепнаа и се вратија во врвот на европскиот фудбал, во за нив второто финале, по пауза од 1997 година, кога го освоија трофејот.
Борусија и Баерн сезонава се сретнаa 4 пати. Во првиот меч минатиот август во германскиот Суперкуп Баерн победи со 2:1, во германскиот Куп победи Баерн со 1:0, а во Бундеслигата во двата меча резултатот беше 1:1.
За првпат во историјата на елитната лига два клуба од Германија ќе се борат за трофејот во финалето што е закажано со почеток од 20 часот и 45 минути.
Можни состави
Борусија Дортмунд: Роман Вајденфелер, Лукаш Пишчек, Невен Суботиќ, Матс Хамелс, Марсел Шмелцер, Илкај Гундоган, Себастијан Kел, Јакуб Блажиковски, Kевин Гроскројц, Марко Ројс, Роберт Левандовски.
Баерн Минхен: Мануел Нојер, Филип Лам, Џером Боатенг, Данте, Давид Алаба, Бастијан Швајнштајгер, Хави Мартинез, Арјен Робен, Томас Милер, Франк Рибери, Марио Манџукиќ.